Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија целиот плен на гостувањето во Шабац, победувајќи го составот на Металопластика со 34-27 (16-14), во 4-та рунда од регионалната СЕХА лига.

„Пелистерци“ имаа целосна контрола на натпреварот во првиот дел, дозволувајќи му само две водства на домаќините. Битолчани противникот комплетно го скршија на стартот од второто полувреме со две мини серии за водство од 5 односно 9 голови. Во продолжението од мечот рутински беше одработена задачата и задржана предноста.

За ракометарите на Пелистер ова е трет триумф во четвртиот натпревар, додека Металопластика го претрпе третиот пораз.

Во следната рунда која ќе се одигра на 4 април, Пелистер на домашен терен го пречекува Татран Прешов.

OhridNews