Бранителот на трофејот во регионалната СЕХА лига, Вардар забележа нов триумф совладувајќи го составот на Пекинг Универзитет на гостински терен во Хрватска со 36-28.
„Вардарци“, на мечот со тимот Пекинг Универзитет предводен од легендарниот хрватски голман Владо Шола настапи со подмладен ростер, кој се покажа во вистинско светло. Уште на стартот од натпреварот Вардар се одлепи и стекна комотна предност за убедлив и рутински триумф.
Најефикасни со седум постигнати погодоци беа Домен Шикошек и Ален Ќосевски, а шест реализираше Димитар Димитриоски.
За „црвено црните“ ова беше четврти триумф во петтиот натпревар сезонава во СЕХА лигата. Вардар е второпласиран на табелата, лидер е Мотор Запорожје кој има натпревар повеќе.
OhridNews