Бранителот на трофејот во Сеха лигата, Вардар убедливо со 36-22 ја совлада Слога од Добој и ја забележа третата победа во исто толку натпревари.
Најпрецизен кај “црвено-црните“ беше Лука Раковиќ со седум постигнати гола, Ојлески постигна пет, а по четири дадоа Лазаров и Марковски.
Мечот на вториот македонски преставник Металург, е одложен поради утрешниот настап во Лигата на шампиони против Шамбери.