Ракометарите на Вардар со пораз го започнаа малиот маратон натпревари, откако изгубија од Нексе во Нашице (36-32), во рамките од четвртата рунда во регионалната СЕХА лига.

Двете екипи резултатски егал држеа до 43-та минута. Домашните ракометари кон победа тргнаа со серија 6-1, по што се одлепија на плус пет на семафорот. Вардар до финишот не успеа да се врати во игра за позитивен резултат.

Најефикасен во македонскиот состав беше Тимур Дибиров со девет голови, а голманот Борко Ристовски запиша осум интервенции. Актуелниот македонски првак со ефект од две победи и два порази е третопласиран на табелата во групата Б со шест бодови.

Вардар, во петок (19 март) на домашен терне игра против Мотор Запорожје, а малиот маратон мечеви го завршува во Охрид, со меч од плејофот од Супер лигата.

OhridNews