Без победник 19-19 заврши дуелот меѓу Металург и Ловќен во регионалната СЕХА лига. Нападот за победа им припадна на гостите кои не го реализираа и освоија голем бод против тимот на Автокоманда.


Хрватскиот стратег Лино Червар им даде одмор на Вугринец, Наумче Мојсоски и Дарко Станиќ што се осети во играта на „металурзите“.

Ракометарите на Ловќен од самиот до крајот на мечот имаа водство кое сепак незнаеаја да го задржат и да го совладаат ранетиот лав Металург.

Мх.П.