Македонскиот ракометен шампион Металург се согласи за предвремен прекин на регионалната СЕХА лига.
Предлогот дојде од агенцијата „Спортска димензија“, која го информирала раководството на СЕХА, дека поради бројните одложувања на натпреварите има проблеми со телевизиските куќи и не е во можност да ги реализира планираните приходи. Од приходите се финансираат патувањата и службените лица на мечевите.
Со оглед на тоа дека на две кола до крајот на лигата познати се екипите кои ќе учествуваат на завршниот турнир, „Спортска димензија“ предложи лигата да биде прекината, а полуфиналните двојки за завршниот турнир, кој ќе се одигра во Загреб да бидат извлечени со ждрепка.
За првата титула во СЕХА лигата, на турнирот кој ќе се одржи на 14 и 15. април ќе се борат македонските преставници Металург и Вардар Про, хрватскиот шампион Загреб и Татран Прешов.
Останува да се види какво е расположението кај останатите клубови кои изборија пласман на завршниот турнир.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com