Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар не оставија ништо на случајност и од самиот почеток немилосрдно ја полнеа мрежата на словаците.
Најпрецизен во составот на Металург со седум погодоци беше Наумче Мојсовски, по пет постигнаа Манасков и Батиновиќ додека на голот брилираше Станиќ со 14 одбрани.
Победата над Татран е одлична увертира за саботниот меч на Металург во Лигата на Шампиони против француски Шамбери.