Македонскиот ракометен првак, Металург на првиот официјален натпревар во новата година претрпе пораз од Брест Мешков 28-26 во СЕХА лигата.

Мечот со Брест Мешков во СЕХА лигата за избраниците на хрватскиот стратег, Лино Червар е загревање за предизвикот кој ги очекува “металурзите“ во Лигата на Шампиони.

По поразот од Брест, Металург ја прокоцка шансата да се искачи на врвот од табелата во СЕХА лигата. Лидери со 25 бодови е хрватскиот тим, Загре. Второлопрасиран е Металург со два помалку додека водечката тројка ја комплетира вториот македонски преставник, Вардар ПРО.

Мх.П.