Екипата на Металург во последната рунда од регуларната сезона во регионалната ракометна лига СЕХА го совлада Вардар ПРО со 26-21 (12-7).

Натпреварот кој се играше во “Автокоманда“ немаше никакво резултатско значење затоа двете екипи играа резервирано и не се трошеа премногу.

Во таква игра подобро се снајде Металург, кој располога со долга и квалитетна клупа и заслужено се радуваше на победа во македонското ракометно “ел класико“.

Во составот на “металурзите“ најпрецизни беа Наумче Мојсоски и Ренато Вугринец со шест погодоци, Филип Миркуловски постигна четири додека во  “црвено црниот“ тим најефикасен беше Караџиќ со пет погодоци.

Металург и Вардар ПРО ќе имаат уште една пресметка во 1/2 финалето од завршницата во СЕХА лигата, која со сигурност ќе биде подраматична и далеку подинамична.

Мх.П.