Македонскиот ракометен првак Металург го претрпе седмиот пораз во СЕХА лигата на гостувањето во Прешов од Татран 31-22 (12-13).


Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар речиси 45 минути го контролираа резултат и го имаа водството во своите раце.

Во завршните петнаесет минути „металурзите“ одиграа очајно во напад што им овозможи на домаќините лесни погодоци и на крајот сигурна и убедлива победа.

Татран стигна од деветтиот триумф сезонава додека Металург остана на петте победи и се наоѓа на шестата позиција.

Мх.П.