Ракометарите на Металург останаа со четири бодови на табелата во СЕХА лигата, откако претрпеа пораз пред своите гледачи од екипата на Цејле 25-23 (13-9).
„Металурзите“ добро го отворија мечот и поведоа со 3-1, но следуваше „црна дупка“ во нападот, а гостите го искористија тоа и го презедоа водството кое по триесет минути изнесуваше 13-9.
Со серија голови на стартот од вториот дел Металург комплетно се врати во игра за поволен резултат. Во последните десет минути двете екипи влегоа со резултаски егал.
Искуството и поприсебноста во нападот во финишот мечот на гостите од Словенија им донесе победа вкупно четврта сезонава во регионалната ракометна лига.
Најпрецизен во составот на Металург беше Вања Илиќ со седум голови, а ист број на голови постигна и Јанц Блаж во победничката екипа.
Фотогалерија:
Мх.П.