Екипата на Металург со минимални 22-21 го совлада Вардар во последниот натпревар од СЕХА лигата во 2013 година.
Најзаслужен за победа на Металург е чуварот на мрежата Дарко Станиќ, кој го скроти последниот удар на Душебаев.
Од средината на првиот дел па се до крајот на мечот „металурзите“ го контролираа резултатот и сосема заслужено стигнаа до бодовите во македонската пресметка во СЕХА лигата.
Сенка на победа на Металург остави повредата на Наумче Мојсовски, кој не се врати во игра откако се пожали на болки во коленото.
Мх.П.