Актуелниот вицепрвак  Металург со победа од 31-19 над Борац стартуваше во новото издание на Сеха лигата.


Мечот кој беше генерална проба за настапот во Лигата на шампиони, против Шамбери, го одбележа враќањето на теренот на пивотменот Младен Ракчевиќ, кој поради повреда паузираше повеќе од шест месеци.

Минатогодишниот освојувач Вардар ремизираше 25-25 против Загреб на гостински терен. “Црвено цните“ имаа одлична можност за триумф но во последните минути испуштија два гола предност и од хрватската престолнина се враќаат со еден бод.