Металург го здроби Загреб со 33:26 (16:13), во натпревар од шестото коло од регионалната СЕХА лига.

Mинатогодишниот вицепрвак до триумфот стигна благодарение на цврстата одбрана на стартот на вториот дел кога направија серија 9-2 со која се одлепија од противникот.

Дејан Манасков со седум голови беше најефикасен играч кај „металурзите“, по шест дадоа Словенците Козлина и Вугринец, додека Ракчевиќ и Миркуловски четири пати ја тресеа противничката мрежа.

По ова коло Металург има 12 бода и е на 3. место, додека Загреб КО е
на втората позиција со 13 бода, колку што има и Вардар на првата
позиција.

Ohridnews