Македонскиот првак Металург со 25-22 го совлада составот на Војводина во Нови Сад во регионалната СЕХА лига.
Хрватскиот стручњак Лино Червар настапи со комбиниран состав, но, и тој стигна до триумф над последнопласираниот тим на табелата.
Со оваа победа ракометарите на Металург ги залечија раните од четирите порази во Лигата на Шампиони.
За ракометарите на Металург ова е трета победа додека Војводина сеуште нема триумф сезонава.
Мх.П.