Ракометарите на Еурофарм Работник го положија оружјето на гостувањето кај тимот на Мешков Брест претрпувајќи пораз 31-22 (19-12) во петтата рунда од регионалната СЕХА лига.

„Фармацевтите“ одиграа колку што имаа сили после тесниот пораз од Загреб и сензационалната победа над Веспрем на домашен терен. Ракометарите на Мешков Брест максимално го искористија заморот во составот од Битола и со силно темпо во текот на целиот натпревар обезбедија лесна и рутинска победа.

Најефикасен во составот Мешков Брест беше Микита Ваилупау со шест голови а во тимот на Еурофарм најпрецизене заврши капитенот Гоце Ојлески со пет погодоци.

И покрај поразот на гостувањето кај Мешков Брест македонскиот вицепрвак има позитивен скор 3-2 и се наоѓа на второто место на табелата.

OhridNews