Ракометарите на Металург, во Бања Лука, во рамките на СЕХА лигата, го совладаа Борац со 26-22 (13-13). Без главните ѕвезди, со комбиниран тим Металург тешко стигна до победата над Борац.

Израмнета борба меѓу двете екипи се водеше до 36-та минута кога Металург со серија 3-0 стигна до првата сериозна предност на мечот (19-16), која потоа без некои поголеми проблеми ја одржа до самиот крај.

Дејан Пецаковски со 9 голови го предводеше составот на Металург, каде уште само петмина ракометари се запишаа меѓу стрелците: Дејан Манасков и Никола Кеџо постигнаа по 6 гола, Гоце Георгиевски 3, а по еден гол реализираа Петар Топиќ и Игор Мандиќ. Одличен натпревар одиграа голманите на Металург, Митревски и Мијатовиќ, кои има по 10 одбрани.

Следниот натпревар во СЕХА лигата Металург ќе го одигра на 5.октомври, кога во Скопје ќе гостува Нексе.

„Макфакс“