Средниот бек Игор Карачиќ со погодок во последниот напад донесе победа за Вардар на гостувањето во Белград кај Партизан 29-28 во регионалната СЕХА лига.


Карачиќ со победничкиот погодок ги продолжи одличните игри сезонава и заедно со руското крило Тимур Дибиров се ударната игла во нападот на македонскиот првак.

По десет одиграни натпревари ракометарите на Вардар имаат скор од седум победи, едно реми и два порази и со 22 бодови се наоѓаат на третата позиција.

Мх.П.