Раководоството на регионалната ракометна СЕХА лига му изрече казна на Металург за непатување во Загреб на дуел со истоимената екипа.


Натпреварот со хрватите Металург го загуби службено и санкционирани се одземање на еден бод на табелата.

Паричната казан изнесува 2 000 евра и плаќање на трошковите за организирање на мечот во Загреб, кој не се одигра.

Точно пред мечот со хрватскиот првак во македонскиот се случуваше хаос кога играчите штрајковаа и го бојкотираа тренерот Лино Червар.

Ситуацијата се смири, „металурзите“ продолжија да се натпреваруваат, но СЕХА не им заборави.

Мх.П.