Ракометарите на Еурофарм Работник ги залечија раните за поразите во Лигата на Шампиони победувајќи против Металопластика на домашен терен со 32-21 во втората рунда од регионалната СЕХА лига. „Фармацевтите“, одиграа фантастичен натпревар и им приредија ноќ за уживање на битолската публика.

На стартот од мечот шоу на теренот имаше голманот Николче Митрески, кој цели десет минути не прими погодок а успеа од гол в гол да погоди за ерупција во салата „Боро Чурлевски“. Разликата на семафорот растеше а Еурофаро Работник се забавуваше на теренот. Металопластика, вечерва не беше достоен ривал за составот на Еурофарм Работник.

Домашните ракометари после двоцифрената предност почнаа да постигнуваат атрактивни погодоци со цепелини, што дополнително ја загреа атмосферата во Битола.

Во вториот триумф на битолчани најмногу се истакна Ловро Јотиќ со 8 погодоци од 9 обиди, а потоа следуваше Владислав Остроушко со пет голови.

Во третата рунда од регионалната СЕХА лига, Еурофарм Работник гостува кај тимот на Мешков Брест.

OhridNews
Фото: Гол.мк