Ракометарите на Еурофарм Пелистер го запишаа првиот неуспех во регионалната СЕХА лига, претрпувајќи пораз 26-23 (11-14) на гостувањето кај хрватскиот клуб Загреб.
Битолските „зелено бели“ иако некомплетни повеќе од 40 минути беа подобар ривал, но во финишот кога се кршеше резултатот потклекнаа и домашните ги зграпчија бодовите.
Првиот дел комплетно беше во знакот на „пелистерци“. Избраниците на Жељко Бабиќ со речиси перфектната игра обезбедија предност од три погодоци на полувремето. Ракометарите на Загреб со серија од 7-1 во второто полувреме го презедоа кормилото, поведувајќи со 19-18. Битолчани парираа до 20-20, но потклекнаа кога домаќините уфрлија брзина погоре. Следеше нова серија, овој пат 4-0, за 24-20 и решавање на победникот.
Најефикасен во тимот на Загреб беше Сењамин Буриќ со пет погодоци, а по четири реализираа Лука Мраковчиќ и Филип Вирстороп. Кај битолчани најпрецизен беше Јосип Периќ со седум голови.
OhridNews