Ракометарите на Металург ремизираа 26-26 со составот на Војводина во 13-та рунда од регионалната СЕХА лига.


Натпреварот во Борис Трајковски беше емотивен бидејќи беше последен за македонскиот репрезентативец Ренато Вугринец во дресот на Металург.

Младинците носени токму од Вугринец направија сензационален кам бек и освоија бод откако имаа пет погодоци негатива на седум минути до крај.

Избраниците на Лино Червар имаа и напад за победа, но не успеаја да го реализираат, а можеаја и да изгубат ако Митрески не го скротеше ударот на Божовиќ во последната секунда од мечот.

Мх.П.