Ракометарите на Вардар експресно им се вратија на победите во регионалната СЕХА лига совладувајќи го тимот на Нексе во СРЦ „Јане Сандански“ со 27-25 (14-14).

До вториот триумф во третиот меч, „црвено црните“ стигнаа со половина сили и комбиниран состав. Гостинскиот состав максимално го искористи штедењето на силите во тимот на Вардар и едно полувреме играше егал. На стартот од вториот дел голманот на Вардар Гедбан се разбрани а ракометари со лесни погодоци се одлепија на семафорот. До крајот Нексе успеа да го ублажи поразот и од Скопје да замине со прифатливи 27-25.

Гедбан со 15 интервенции беше клучен фактор во триумфот на Вардар. Во листата на стрелци се истакна Тимур Дибиров со 9 погодоци, а шест реализираше Дисингер.

OhridNews
Фото: 24ракомет