На хепенингот што под мотот „Излези и гласај“, вчера се одржа на градскиот плоштад, невладината организација „СЕГА“ повика на фер и демократски избори на 5-ти април.

Сосема сме задоволни од одѕивот, учеството и прифаќањето на акцијата и веруваме дека придонесовме во едукацијата на младите за нивно вклучување во политичкиот живот, изјави Митко Јанкуловски од Коалицијата „СЕГА“.

Тој им посака на охриѓани денот на изборите да го минат во празнична атмосфера.


„СЕГА“: Избониот ден во Охрид да биде празник

Ohridnews