28-то издание на Охридскиот пливачки маратон може да понуди разврска околу шампионот во машка конкуренција за годинава.
Македонскиот маратонец Томи Стефаноски кој е прв на табелата во генералниот пласман со победа во Охрид ќе ја осигура победата во севкупниот пласман.
Оваа е историска шанса за искусниот пливач Стефаноски. Тој во неколку наврати победуваше на маратоните ширум земјава, но никогаш не успеа да го покори Охрид.
Ако тоа сега му успее тоа ќе биде победа од соништата за најискусниот и најдобриот маратонец кој го има Македонија.
Минатогодишниот победник на маратонот Французинот, Аксел Рејмонд кој постави нов рекорд оваа година нема да биде дел од маратонците кои ќе се натпреваруваат.
Евегениј поп Ацев кој долго време имаше здраствени проблеми сепак ќе се појави на Охридскиот пливачки маратон.
Мх.П.