Сега или можеби никогаш може да се окарактеризира шансата која имаат ракометарите на Охрид во финалето од четвртфиналната група во Купот на Македонија.
„Гладијаторите“ се имаат на своја страна во пресрет на финалниот меч со Прилеп вечерва во 19 часот. Квалитетот, карактерот и што е најважно поддршката од публиката е на страната од ракометарите кои со триумф ќе си обезбедат место во историјата од охридскиот ракомет.
Секоја прилика треба да се зграпчи и искористи, тоа и го правеа низ текот на сезонава ракометари на Охрид, а сега уште еден чекор ги дели од пласман на фајнлфорот од Купот на Македонија.
Пласман на завршницата од Купот на Македонија би било шлаг на тортава сезонава и најава за преостанатите мечеви од плејофот во Супер лигата.
Мх.П.