Охриѓани од сега ќе можат да се снабдат со квалитетни парчиња облека од ексклузивни брендови и познати производителите, по исклучително евтини цени. Сето ова го нуди специјализираната продавница за облека „For seasons Ohrid – Second hand“ (oд втора рака), што денеска започна со работа во зградата „Печијаре“ на булеварот „Туристичка.

Прeд се нудиме квалитетна облека од познати фирми. Најголем дел од изложените производи се втора рака. Копии нема, се е оригинал и квалитет по исклучително ниски цени. – велат од менаџерскиот тим на специјализираната продавница за облека „For seasons Ohrid Second hand“.

Продавницата „For seasons Second hand“ во Охрид, во летната сезона ќе работи од 09 – 22 часот. Ова е втора ваква продавница во регионот, по таа во Струга, која успешно работи веќе неколку месеци во градскиот пазар.

Ќе имаме секогаш добра понуда, која постојано ќе се освежува со најнови производи од познати марки, велат од специјализираната продавница „For seasons Ohrid Second hand“, која денеска ги отвори вратите за купувачите во Охрид кои сега ќе може евтино да купуват квалитетна облека.

OhridNews
Фото: А. Момироска