Зад неа се години кариера, прво како заштитно лице на Дизни, а сега како нова принцеза на скандалите. Мајли Сајрус денес наполнила 21 година. Таа е музичка ѕвезда која во последнава година потполно се претворила во принцеза на скандалите.
Од настапот на MTV наградите, вулгарните движења, критиките на јавноста, новите провокативни видеа, како и јавното пушење марихуана на доделувањето на наградите во Амстердам, се само дел од шоуто за кое била задолжена младата пејачка. Мајли дури денес е официјално полнолетна по американските закони, а ако досега се воздржувала, дури сега ќе ни покаже дека навистина не ја интересира што другите мислат за неа.