Пилотот на Браун ГП, Бразилецот Рубенс Барикело победи на трката за Големата награда на Европа во Валеснија. До првата овосезонска победа Барикело стигна пред актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мекалрен и Кими Раиконен од Ферари.


Четвртото место го освои Хеики Ковалаинен од Мекалрен, додека бодови во Валенсија уште освоија Нико Розберг, Фернандо Алонсо, лидерот во генералниот пласман Џенсон Батон и Роберт Кубица.

Во генералениот пласман води Џенсон Батон од Браун ГП со 72 бода, Барикело со 54 е втор додека трет е австралиецот Марк Вебер од Ред Бул 51.5.

Наредната трка  Ф1 шампионатот ќе се вози следниот викенд за Големата награда на Белгија.