Ракометарите на Охрид ја забележаа првата победа во новата сезона од Супер лигата победувајќи го тимот на Преспа со 29-22 (14-10).

Големата мотивација на „гладијаторите“ на стартот мечот веднаш им донесе опиплива предност која по истекот на првите триесет минути изнесуваше 14-10.

Во вториот дел охриѓани продожија и стигнаа до најголема предност од шест погодоци, но тогаш место да го дотолчат противникот тие се опуштија и му дозволија да се врати во живот.

По минутата одмор „гладијаторите“ уште еднаш додоа гас и го покажаа вистинското лице погодувајќи од сите позиции што им донесе победа од 29-22.

Во третата рунда од Супер лигата охридските ракометари гостуваат во Струмица кај составот на Зомимак.

Р.К. Охрид : Пецаков (5 одбрани), Колев 7, Костески 1, Вешоски 9, Андоновски 4, Б. Белевски, Николиќ 3, Трифуноски 1, Тасески 3, Поп Стефанија 1, Соколов 5, Трајчески, В. Белевски 2, Печенковски 1.

Р.К. Преспа : Трајановски (6 одбрани), Ристевски 1, Леровски, Шабединоски 2, Недановски, Павлоски, Димитриоски 10, Кирановски, Јошески 1, Павловски 1, Бочкароски, Котески, Башевски 5, Крстески 3.

 Фото : Емилио

Мх.П.