Шумуликоски во 50 мин со удар од 16 метри ги доведе домаќините во водство од 1-0. Нешто подоцна на 2-0 зголеми Волтерс, а конечните 2-1 на мечот Ипсвич – Блекпул ги постави Пол Диков во 89 мин.
Шумуликоски е само третиот македонец кој ги тресе мрежите во Англија. Пред Величе најдобриот стрелец во македонскиот дрес Ѓорѓи Христов на 45 натпревари постигна 8 голови за Барнсли. Артим Шаќири на 28 мечеви има дадено 1 гол за Вест Бромвич Албион.