Хокеарската репрезентација на Македонија во сабота 02.02.2008г. во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе одигра ревијален пријателски натпревар против екипата составена од претставници на амбасадата на Холандија во Скопје. Почетокот на средбата е во 12ч.
Во предигра на средбата, во 11 часот, младите хокеари од охридските клубови „Стик 2007“ и „Витези“ ќе демонстрираат спортски вештини.
Средбата со дипломатскиот тим на Холандија воедно е прв официјален натпревар на македонската репрезентација во хокеј на трева, која е формирана неодмна. На средбата покрај голем број поканети гости и званичници ќе присуствува и амбасадорката на Холандија во Македонија Н.Е. Симоне Филипини.
ohridnews