Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на континенталното првенство кое е одржува во Полска. Кадетите, во Групата 1, во која разигруваат за пласман од 9-то до 16-то место, ја победија Србија со 23-20 (9-9).
Финишот на првото полувреме ја најави победата на кадетите, кои со серија од пет гола ја стигнаа негативата на противникот и на одмор заминаа со резултат 9-9.
Во вториот дел двете селекции играа егал се до 53-та минута, кога Македонија создаде предност од два гола (21-19), која успеа да ја сочува до крајот.
Македонија, во среда, за противник ќе ја има репрезентацијата на Исланд. Доколку кадетите го освојат 10-то место на ЕП, тогаш ќе изборат пласман на Светското првенство во ракомет кое ќе се одржи наредната година.
„Макфакс“