За организацијата е неприфатливо полицијата во една демократска земја да апси новинари.
„Ги повикувам грчките власти да ги почитуваат меѓународните стандарди за медиумска слобода и на странските новинари да им го гарантираат правото на слободна работа во Грција“, вели Оливер Вујовиќ, генерален секретар на организацијата.
Момироски и Ѓоргиевска, новинари на Телевизија Канал 5, односно весникот Вест, на 16-ти август беа притворени околу два часа во леринската полиција, откако беа приведени при обидот да го регистрираат процесот на вадење лични документи од страна на етнички Македонци.
извор: „Макфакс“