Хитот кој најбараниот светски хип-хопер Виз Калифа го лансира на самиот врв на светската музичка сцена, „See You Again“, доспеа на второто место најгледани спотови на сите времиња. Со повеќе од една и пол милијарда прегледи на Јутјуб, Калифа зад себе остави уште една ѕвезда на денешницата, Тејлор Свифт, со песната „Blank Space“, која сега е на третото место. Првото место на оваа листа сеуште го држи Јутјуб феноменот „Gangnam Style“. Досегашните хитови на Виз Калифа исто така со леснотија го достигнуваа самиот врв на светската хип-хоп сцена, па така во збир достигнуваат речиси четири милијарди прегледи, што овој изведувач го чини една од најголемите ѕвезди на светот.

 

После објавувањето, песната „See You Again“ се најде на првото место на американската топ листа, каде се задржа рекордни 12 седмици. После вкупно тринаесет номинации, меѓу кои три номинации за Греми и две за MTV музичките награди, и пет освоени признанија, како и спектакуларниот настап на Тајм сквер за дочекот на 2016 година, можеме слободно да кажеме дека „See You Again“ ја обележа 2015 година и е на добар пат да стане хит за сите времиња.