Седумнаесет лица загинаа во ново бомбардирање на Запорожје, град на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нападот се случил три дена по претходното бомбардирање на градот.
Најмалку 17 лица загинаа во ракетен напад во текот на ноќта на Запорожје, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев, додавајќи дека во нападот биле погодени куќи и повеќекатници.
Во четвртокот во пет часот, седум проектили го погодија Запорожје, од кои три центарот на градот.
Градот Запорожје, кој е под контрола на Украина, се наоѓа во истоимениот регион, кој Русија го анектира, иако нема целосна контрола врз областа.
OhridNews