Седумнаесет шефови на држави ќе земат учество на Самитот на претседатели на држави од Централна Европа што претстојниот викенд ќе се одржи во Охрид. Се работи за еден импозантен собир и сметам дека Македонија на вистински начин ќе демонстрира способност дека нејзините институции имаат капацитет да организираат еден ваков значаен настан, изјави претседателот Бранко Црвенковски, кој ќе биден домаќин на колегите од Централна Европа. Според него Самитот во Охрид е голема шанса Македонија да ги афирмира своите политички ставови и позиции.
На собирот на претседатели во Охрид ќе се разговара за проширувањето на ЕУ и проблемот со енергитиката.
Активностите околу подготовката на Самитот започнаа минатата година, а деновиве се привршува со дотерување на улиците по кои ќе се движат делегациите. Тие во Охрид ќе започнат да пристигнуваат во четврток на аеродромот Св. Апостол Павле. За време на пристигнувањето и движењето на делегациите во централното градско подрачје на сила ќе биде посебен режим на сообраќај кој ќе започне да се применува на 30-ти април, а ќе трае до заминувањето на делегациите од Охрид.
ohridnews