Во хеликоптерската несреќа што се случи денеска на југот на Италија, загинаа седум лица, меѓу кои и семејство словенечки туристи, јавија италијанските медиуми.

Хеликоптерот исчезна од радарите во рурална област во регионот на Пуља, а воздухопловните сили и пожарникарите организираа потрага по исчезнатиот воздухоплов. Локалните власти соопштија дека хеликоптерот набрзо бил пронајден и дека седум лица загинале.

Меѓу загинатите има и четиричлено семејство од Словенија, меѓу кои и 13-годишно девојче, јавуваат локалните медиуми.

Останатите жртви се локален лекар и двајцата пилоти на хеликоптерот.

Се претпоставува дека хеликоптерот, кој летал меѓу регионот Пуља и италијанските острови Тремити во Јадранското Море, се урнал поради лошото време.

OhridNews
Фото: Миа