Шест станари и еден пожарникар се пренесени во Медицински центар Охрид за укажување лекарска помош поради задушување од чад,, во пожарот што ноќеска по полноќ се случи во  зграда на улицата „Ново Проектирана“ во центарот на Охрид.

Пожарот избил во подземниот паркинг и зафатил во три патнички моторни возила поради што биле евакуирани станарите од зградата.

Поради густиот чад и сериозноста на ситуацијата, станарите биле евакуирани со скали со корпа од надворешниот дел на зградата.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.

OhridNews