Рекорден број родени новороденчиња во текот на вчерашниот, прв ден од Новата година во Охрид. И ако до пладне бројката беше пет, до вечерта беа родени уште две бебиња на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид.

Од нив три се породени по природен пат, додека четири со царски рез. Тимот на доктор гинеколог Горан Маркоски кои беа и дежурни во текот на ноќта и претпладнето извршија пет породувања, додека попладнето другите две пациентки беа породени од тимот на доктор Катерина Попоска. Мајките се сите од Охрид, информира директорот на Општа болница Охрид, Асен Шајн.

Инаку во текот на вчерашниот ден традиционално како и секоја година, мајките и новороденчињата беа посетени од градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Општа болница Охрид, Асен Шајн, каде им беа врачени ваучери и пригодни подароци.

Во едно сите се сложија дека, со оглед на бројката на новородени бебиња, годината ќе биде бериќетна.

Н.С.Ј.