Седумгодишниот британец Кеирон Вилијамсон ја продал својата последна група  слики за 150 илјади фунти за помалку од еден час. Купувачи од целиот свет лицитирале за неговите дела. Сопственикот на галеријата смета дека неговиот млад клиент е еден од најбараните уметници на денешнината. Момчето почнало да слика на пет години, кога на тоа бил инспириран од чамците на доковите додека бил на одмор со своето семејство во Корнвел.


Тој слика во просек по пет слики во една седмица, а неговите оригинали однапред ги нарачале повеќе од 700 лица. Последната негова група слики воглавно се бави со мотиви од локалните пејсажи на брегот на Норфолк. Роделите имаат намера да му купат куќа, а останатите пари да ги стават во фонд кој ќе може да го користи кога ќе наполни 25 години.