Немирно седумгодишно момче од Палм Бич (Флорида-САД) го зело бабиниот SUV. Само осум минути лудо патување оставиле огромна штета во соседството. Неповреденото момче ги уништило поштенските сандачиња, удрило во паркирани автомобили и патокази. Полицијата во известувањето навела дека возел буквално додека не му испаднало десното тркало со кое удрил во знак.
-Веројатно нема да го тужиме иако ваквото однесување е необично за седумгодишник-рекла портпаролката на полицијата.