Седумдесеттогодишник предизвикал паника возејќи со 120 km/h во спротивна насока на автопатот помеѓу Болоња и Модена.
Дезориентираниот возач полицијата го сопрела после повеќе полесни судари во кој за среќа се повредени само двајца.
Прекршителот не бил свесен дека по враќањето од Болоња во Модена влегол на автоптатот во погрешна насока, ниту дека воопшто се наоѓа на автопат.