Седум жени кои работеле на рецепција останале бремени откако на работното место во хотелот во Милтон Кејнес сите седеле на истата сина столица. Четири од нив веќе се породиле и сите добиле момчиња. Поради неверојатната случајност, но и страв дека столицата „шири“ бременост, остатокот од женкиот персонал ја избегнува и не сака да седи на неа.
Главниот менаџер на хотелот, Жил Шоу, рекол дека столицата е иста како и секоја друга канцелариска столица, само што сега голем дел вработените избегнувале да седат на неа. Вработените во хотелот веќе започнале да се шегуваат дека доколку некој сака дете, доволно е само да седне на „плодната“ столица.