На ден од почетокот на Вториот летен спортско – едукативен камп организираторот Асоцијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ ја презентираше програмата која ги има опфатено сите спортови и уште многу други работнилници.
Дечињата меѓу секојдневните работилници ќе имаат можност да се запознаваат со уметничко креативна изработка од глина на скулптури и цртање на графити, филигранска демонстрација на изработка на Охридски филигран, Олимпизам и детски работнилници поддржани од Битолска млекара, презентација на нуркањето, стрелаштвото и каратето и моделраство.
Вториот летен спортско – едукативен камп ќе се одржи од 10 до 17 јули во Хотелот Десарет, а сите активности на „камперите“ ќе бидат споделувани на официјалната страна на Фејсбук, Спортски летен камп Охрид 2017.
Понеделник:
12:00ч. Пристигнување на учесниците
12:00-12:30 Сместување
12:30-13:00 Технички состанок/разгледување
13:00-14:00 Ручек
14:00-15:00 Одмор
15:00-16:00 Состанок со учесниците
16:00-18:00 Работилници
18:00-19:30 Плажирање ( базен и езеро )
19:30-21:00 Вечера
21:00-23:00 Вечерно забавни активности
Игри за запознавање
Работнилниците ќе ги водат:
Проф. Катерина Слатинова – уметничко креативна изработка од глина на скулптури и цртање на графити
Дизајнер на накит – Марта Пејоска Филигранска демонстрација на изработка на Охридски филигран.
Вторник:
5:30-6:00 Утринска хигиена и средување на собата
6:00-7:00 Транспорт Хотел Десарет – Видиковец Галичица
7:00-9:30 Искачување на врв Лако Сигној
9:30-10:00 Одмор/доручек ( ланч пакет )
10:00-12:30 Врв Лако Сигној – Хотел Десарет
12:30-14:00 Ручек
14:00-16:00 Одмор
16:00-18:00 Работилница
18:00-19:30 Спортско рекреативни активности
19:30-21:00 Вечера
21:00-23:00 Вечерно забавни активности
Ноќно кино
Работнилници ќе ги водат:
Одговорен: Директор на МОК (Олимпизам)
Одговорен: Битолска Млекара – (Биди и ти дете)
Спортско едукативни активности
Одговорен Тим КАМП, пливање (школа за пливање), кошарка во вода, забавни игри во вода и игри од минатото.
Среда:
8:00-8:30 Утрински аеробик/гимнастика
8:30-9:30 Доручек
9:30-11:30 Спортско едукативни активности
12:00-14:00 Ручек
14:00-16:00 Слободно време
16:00-19:30 Работилница/плажирање езеро
19:30-21:00 Вечера
20:30-23:00 Вечерни забавни активности
Натпревар ( потрага по скриено богатство ) /Друштвени игри
Работилница:
Презентација за подводна медицина и хипербаричен третман и запознавање на нуркањето. (Емил Јовановиќ)
Спортско едукативни активности: Едрење (Акватика Клуб)
Четврток:
8:00-8:30 Утрински аеробик/гимнастика
8:30-9:30 Појадок
9:30-12:00 Посета на Охрид
12:30-14:00 Ручек
14:00-16:00 Одмор
16:00-18:00 Работилница
18:00-19:30 Плажирање/реквизити во вода/Одбојка на песок/Бадмингтон на песок
19:30-21:00 Вечера
21:00-23:00 Вечерни забавни активности
Забава на плажа/логорски оган/музика/Друштвени игри
Работилница:
Моделарство и натпревар (Димитар Димитров)
Петок:
8:00-8:30 Утрински аеробик/гимнастика
8:30-9:30 Појадок
9:30-11:30 Спортски едукативни активности
12:00-14:00 Ручек
14:00-16:00 Слободно време
16:00-18:00 Работилница
18:00-19:30 Спортски едукативни активности
19:30-21:00 Вечера
21:00-23:00 Вечерно забавни активности
Ноќно капење
Работнилница:
Стрелаштво со Нина Балабан
Спортско едукативни активности: Штафетни спортски игри ( фудбал, кошарка, ракомет ), Алпинизам
Попладне – Турнир фудбал и Баскет
Сабота:
8:00-8:30 Утрински аеробик/гимнастика
8:30-9:00 Појадок
9:00-13:00 Посета на манастирскиот комплекс Св. Наум и музејот на вода “ Заливот на коските “
13:00-14:00 Ручек
14:00-16:00 Слободно време
16:00-18:00 Работилница
18:00-19:30 Нетбол/Реквизити во вода/Хокеј на трева
19:30-20:30 Вечера
21:00-23:00 Завршна забава
Работилница:
Презентација на карате и кендо (Ѓоко Томоски)
В недела учесниците ќе имаат претпладневни активности пред да заминат од Вториот летен спортско – едукативен камп Охрид 2017.
OhridNews