На покана на Македонскиот Институт  за Медиуми од Скопје, за прв пат во Македонија, на 14. и 15. Јуни, престојува  група од 7 успешни млади луге од САД  кои се ангажирани во разни сектори на американското општество. Нивната посета на Македонија е дел од програмата на Германскиот Маршалов Фонд на САД, еминентна институција која работи на полето на зајакнување на трансатланските релации помеѓу САД и Европа. Во рамките на таа Програма, секоја година избрани млади лидери од САД посетуваат повеќе европски држави и метрополи.
 
НА 14. Јуни (сабота) тие ќе имаат средба   со претставници на општината, на која ќе бидат запознати со Охрид како град на културно-историското наследство, туристички центар на Македонија и актуелното негово живеење.

ohridnews