Охридскиот фудбалски клуб неколку дена после почетокот на подготовките ги дефинираше и тест средбите, преку кои ќе ја темпира и бруси формата за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. Избраниците на Драган Бочески ќе играат против еден прволигаш, ривали од Втората лига и два амбициозни третолигаши, кои сигурно ќе бидат шанса за помладите во екипата.
„Рибарите“ тест средбите ќе ги отворат на 24 јули, со дуел против прволигашот Работнички. Четири дена подоцна охриѓани ќе се сретнат со Караорман, а на 31 јули ќе се сретнат со Велешта. На 7 август Охрид ќе ги одмери силите со Црно Буки, а потоа следуваат пресметките со второлигашите Победа (7 август), Воска Спорт (11 август), Кораб (14 август).
Новата сезона во второлигашката конкуренција стартува на 21 август. Екипите учеснички се познати, но се уште не е извршена ждрепка за првата рунда и тековната сезона.
OhridNews