Охридските атлетичари на изборниот натпревар за Балканското првенство во Стара Загора, Бугарија освоија седум први места и тоа три во машка и четири во женска конкуренција.

Кај сениорите два пати на пиедесталот се качуваше Славчо Мирчевски во дисциплините скок во далечина и трискок, а еднаш Методија Велков во фрлање ѓуле.

Спринтерските трки им припаднаа на охридските сениорки кои триумфираа (110 метри со пречки, Ивона Димиткоска), (100м. Марија Цветаноска), (200м. Ангела Секулоска).

Одличниот натпреварувачки ден за охриѓанките го заокружија Јулијана Велјаноска која триумфираше во дисциплината фрлање ѓуле.

Резултати :

Мажи:

110м Пречки, Ненад Ацковиќ Перпетуу мобиле, 18,07

400м Пречки, Бујар Беќири Студенти, 1.01.50

100м Кристиан Ефремов Перпетуу Мобиле, 11,28

200м Кристиан Ефремов Перпетуу Мобиле, 22,86

400м Кристиан Ефремов Перпетуу Мобиле, 49.35

800м Александар Стојановски Делта, 1,58,90

1500м Иван Пешовски Делта , 4,21.32

5000м Кокан Ајановски Работнички , 16,14,32

Височина Јованче Јанковски Перпетуу Мобиле, 202

Далечина Славчо Мирчевски Охрид , 7.04

Трискок Славчо Мирчевски Охрид, 13.67

Ѓуле Методија Велков Охрид, 11.26

Копје Кирил Стојановски Скопје, 39,95

Диск Јане Стојев Тиквеш, 34,14

Жени:

100м Пречки Ивона Димитоска Охрид, 17,47

100м, Марија Цветаноска Охрид 13,42

200мАнгела Секулоска Охрид, 26.88

400м Сермедие Љатифова Работнички, 1,01.09

800м Мери Јанкова Перпетуу Мобиле, 2,26,81

3000м Марија Стојчевска Делта , 12,24,57

Височина Ирена Темова Перпетуу Мобиле, 165

Далечина Матеја Ефремовска Куманово 5,13

Трискок Матеја Ефремовска Куманово 10,70

Ѓуле Јулијана Вељановска Охрид, 11.14

Копје Радмила Тодоровска Перпетуу Мобиле , 30,59

Диск Анастасија Еленова Тиквеш, 33,26

Мх.П.