Во Патаја, на Тајланд, 14 парови од неделата се обиделе да го соборат гинисовиот рекорд во најдолго бакнување. Секој од паровите добил по еден квадратен метар простор во која мораат да поминат заедно повеќе од еден ден бакнувајќи се. За време на натпреварот не смеат да седат, спијат или да го напуштат определеното место. Бакнежот можат да го прекинат единствено ако им се оди во тоалет. Но, ниту тамо не смеат да престанат да се бакнуваат бидејќи ги прати обезбедувањето.


Да пијат и да јадат можат само со сламки. Доколку усните им се одвојат, судиите веднаш ќе ги дисквалификуваат. Парот кој најдолго ќе издржи ќе добие награда од 1500 долари и дијамантски прстен вреден околу 800 долари. Седум одпаровите го собориле светскиот рекорд, но натпреварот продолжил се додека не остане само еден пар. Една натпреварувачка се онесвестила по само 34 минути, а некои парови се откажале само по неколку часа.