Седум ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебарца ќе бидат дел од Државниот натпревар по Географија кој ќе се одржува на 8-ми и 9-ти мај 2015 година, во организација на Географското друштво на Македонија.
Овие ученици покажаа најдобри резултати на вчерашниот Регионален натпревар по Географија кој се одржа во ОУ „Христо Узунов“.
На регионалната листа на првонаградени се: Рената Павлеска од ОУ „Братство Единство“; Виктор Блажески од ОУ „Климент Охридски“; Емилија Кацелиноска од ОУ „Ванчо Николески“ село Лескоец; Надица Наумоска од ОУ „Христо Узунов“; Сара Паункоска од ОУ „Григор Прличев“; Атанас Спасевски од ОУ „Христо Узунов“ и Емилија Наумоска од ОУ „Дебрца“ село Белчишта.
OhridNews